Мени

Kоледарите со крводарителска акција за роденденот на Тоше

23.01.2013 09:57 | KumanovoNews

 Здружението “Коледари“ утре ќе организира традиционална крводарителска акција, по повод 25 јануари, роденденот на Тоше.

Kоледарите со крводарителска акција за роденденот на Тоше

 Граѓаните ќе можат да даруваат крв во клубот “Коледари“ кој се наоѓа во населбата Карпош од 11 до 14 часот. Оваа акција се спроведува пет години во чест на Тоше Проески. Сите хумани граѓани со дарување на крв можат да дадат свој придонес. Собраните единици крв ќе бидат наменети за потребите на трансфузиологија.