Комбе и приколка запленети на Табановце
На граничен премин Табановце, запленето е комбе и приколка со лажни документи, кои биле прилагодени за криумчарење стока.
Комбето марка “фолксваген транспортер“ е со српски регистарски таблички, управувано од српски државјанин, со српска и швајцарска сообраќајна дозвола за приколката и комбето на различни сопственици. Внатре во приколката е откриен бункер наменет за криумчарење на стока.
По остварена комуникација со ИНТЕРПОЛ Берн, Швајцарија добиена е информација дека комбето е регистрирано во Швајцарија на друго лице и регистарските таблички се однесуваат за автомобил “фолксваген пасат“.
Швајцарските регистарски ознаки за приколката гласат на трето лице со живеалиште во Швајцарија и припаѓаат на два автомобили “опел корса“ и “сеат леон“. Согласно швајцарската база на податоци идентификациониот број на шасија на приколката припаѓа на камион фрижидер регистриран во Швајцарија.
Комбето, приколката и дозволите се задржани, а против сторителот е поведена соодветна постапка.