Мени

Комеморативна седница во кумановскиот театар за Драгиша Димитријевски - Шипе

09.01.2013 13:39 | KumanovoNews

Во Народниот театар Куманово се одржа Комеморативна седница за актерот и сликар Драгица Димитријевски - Шипе, кој почина завчера.

Комеморативна седница во кумановскиот театар за Драгиша Димитријевски - Шипе

 На Комеморацијата зборуваа неговите колеги Горан и Кети Илиќ.

Бевме партнери во 100 претстави и малку недостасува да прославиме четири децении работа. Тоа се многу години, часови, минути, секунди. Не еднаш сме почнале работи за кои не сме знаеле како ќе завршат, па завршиле добро. Ти беше совршено несовршен. Ти беше добар човек, знаеше да бидеш храбар, да држиш до себе. Сакаше да слушаш паметни, а не излитени мисли. Глумата е начин на живот, а не занимање, а ти беше 100 отсто уметник - изјави актерот Горан Илиќ.

Сочувство до семејството изразија актерите од Турскиот театар, од Народен театар Битола, а на комеморацијата присуствуваа и актери од Скопје.

На видео бим се прикажуваа извадоци од претставите кои ги работел Димитријевски. Тој остварил добра соработка и со српските актери, толкувал над 150 улоги, а омилени автори му се Лорка, Мајаковски и Горки.