Комисиите на терен ќе ги утврдуваат штетите
Формирани се пет комисии од кои дел уште денеска ќе излезат на терен за да направат проценка на штетите предизвикани од поплавите.
Проценка на штетите денеска ќе се врши таму каде што има услови. Ќе ги посетиме куќите на улицата “Никола Тесла“, Долно Којнаре, ќе се излезе и во Бејтови Ниви, Проевце, кај Митев мост. Таму каде што е повлечена водата, а на другите локации други утре. Утре ќе се оди и во селата Клечовце, Довезенце, Пчиња, Шупли Камен и сметам дека за неколку дена комисиите ќе скенираат, ќе направат записници, ќе се подготвиме за неколку дена да направиме финален извештај што побрзо да помине на Совет на Општина Куманово на една од наредните седници. Досега 100 домаќинства поднеле барања, а мислам дека ќе се пријават над 350 домаќинства - изјави Зоран Павловски, претседател на кризен штаб за заштита и спасување.
Тој вели дека рокот за пријавување на штетите е до 5 март.
Вчера во спортските сали се сместени нови 12 луѓе, а денеска уште две семејства побарале да бидат згрижени. Павловски објаснува дека простор има, но фалат душеци и ќебиња.