Мени

Комисија ќе ги проценува штетите од невремето

09.06.2011 12:18 | KumanovoNews

 По синоќешното незапамтено невреме од дожд и град во Куманово, денеска состојбата се нормализира. Собраќајот се одвива непречено, а водата се повлекла во одводната мрежа. Последиците сеуште се видливи, иако дел од нанесената земја и песок се чистат од вработените во комуналните претпријатија.

Комисија ќе ги проценува штетите од невремето

Имавме голема врменската непогода која предизвика поплави на булеварот „Октомвриска револуција„, „Лесковачка„ и другите улиците во пониските делови на градот, бидејќи објективно атмосферската канализација не можеше да прифати толкава количина на вода која доаѓаше од повисоките делови на градот. Ние веднаш излеговме на лице место со екипите за брза интервенција на ЈП „Водовод„. За неколку часа се воспостави нормален сообраќај во градот. - рече градоначалникот Зоран Дамјановски.

Невремето предизвика штети на земјоделските површини во околните села и населби, штети на крововите на стамбени згради и автомбили, поради што граѓаните побарале помош од локалната самоуправа. Формирана е комисија, која што ќе ја проценува предизвиканата штета.

Комисијата ќе ги прими сите пријави на граѓаните и ќе направи увид, по што Советот на општината ќе ја процени штетата и ќе определи сретства за нејзино покривање-вели Дамјановски.

Според информациите на Регионалниот центар за управување со кризи, во Куманово наврнале 32 литри дожд на метар квадратен, а во пониските делови на градот се поплавени подрумски простории и помошни објекти во кои имало од 20 и 30 сантиметри вода. Екипите на територијалната противпожарна единица интервенирала на неколку локации на "Поток Серава" и улицата "Бранко Богдански Гуцман" .

"Работевме на исцрпување на вода од подрумски простории и гаражи веднаш по невремето се до утринските часови. И утрово наши екипи излегоа на терен и интервенираа претежно во пониски делови од градот"- вели Дејан Илиевски командира на ТППЕ Куманово.

Во населбите Средорек и Бавчи нема излевања на реката Кумановка, поради регулираното корито. Од локалната самоуправа најавуваар дека деновиве ќе започнат да се чистат речните корита и канали на Пчиња, Табановска река и други помали рекички, за што нафта обезбедила Агенцијата за заштита и спасување, а останатите трошоци ќе ги покрие Општината.