Мени

Конкурс за есеи „Проширување на ЕУ“

18.03.2014 14:51 | KumanovoNews

Студентите и средношколците до 11 мај можат да испратат есеј на тема “Проширување на ЕУ“ на конкурсот кој го инцираше Европската комисија.

Конкурс за есеи „Проширување на ЕУ“

Есејот треба да содржи најмногу 700 збора и во него младите треба да одговорат на прашањата “Што може да научи денешната Европска Унија од 28 земји-членки од своето минато за да ја подобри својата иднина“ и “Што значи за вас проширената ЕУ?“. Националното жири ќе ги избере најдобрите средношколски и студентски творби, а потоа нив ќе ги разгледува и меѓународно жири. Повеќе информации заинтересираните ќе најдат на интернет страната на Министерството за образование.

Победниците ќе имаат можност на 2 дена да го посетат Брисел и да добијат е - читач.