Мени

Конкурс за средношколски проекти за наноматеријали

22.11.2013 10:34 | KumanovoNews

Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитет “Свети Кирил и Методиј“ распишува конкурс за средношколци на тема “Наноматеријали-материјали на иднината“.

Конкурс за средношколски проекти за наноматеријали

Право на учество на натпреварот година имаат сите редовни средношколци од II, III и IV година. Тимовите за натпреварот можат да бидат составени од 2 ученика.

По примањето и прегледувањето на проектите, ќе биде истакната листата на селектирани проекти кои ќе одат на регионален натпревар. Ќе се одржат 7 регионални натпревари во седум региони, а победниците од регионалните натпревари ќе учествуваат на републичкиот натпревар. За секоја регион регионалниот натпревар ќе се одржи во првиот град од листата на наведени градови за тој регион.

Прв регион: Куманово, Крива Паланка, Кратово, Пробиштип

Средношколците со своите трудови можат да аплицираат од 15 ноември до 15 декември.

За првонаградениот проект ќе следува парична награда од 2000 евра, за втора награда 1000 евра и трета награда 500 евра.

Конкурсот е под покровителство на Министерството за образование и наука.