Мени

Координативно тело ќе го решава сообраќајниот хаос

26.06.2013 13:37 | KumanovoNews

 Советот на Општина Куманово, денеска  формираше Координативното тело за следење на состојбата во сообраќајот и неговата безбедност во градот.

Координативно тело ќе го решава сообраќајниот хаос

 Ова тело се состои од девет члена и тоа Славчо Јакимовски и Звонимир Димитриевски од секторот за сообраќај во Општина Куманово, Марјан Павличек и Марјанчо Ангеловски од СВР Куманово, Александар Димитровски од здружението “Гласот на Куманово“, советниците Александар Петров, Борислав Додевски и Скендер Алији, а Мухамед Керими од техничкото училиште “Наце Буѓони“.

Координативното тело ќе треба да се состане и да дискутира за изнаоѓање на сообраќајни решенија во градот со цел да се намали бројот на сообраќајни незгоди.