Мени

Корејанци промовираа мир во Кумaново

25.06.2014 13:27 | KumanovoNews

  Неколку граѓански активисти од Кореја заедно со членовите на Центарот за меѓукултурен дијалог денеска на градскиот плоштад ги промовираа вредностите на мирот.

Корејанци промовираа мир во Кумaново

Граѓаните имаа можност да кажат што за нив значи мир, а паралелно имаше повеќе интерактивни активности за младите.

   - Во овој период низ целиот свет се организираат мировни маршови или мировни активности и идејата е заеднички да го дигнеме својот глас за да има поголем ефект. Денеска за Кореја е многу важен ден затоа што корејската војна е почната на 25 јуни 1950 година и овој ден е симболично избран за ден на мир. Имаме гости од Кореја кои од Албанија дојдоа овдека бидејќи имаше и таму ваков настан за мир - вели Матеј Маневски од Младински центар “Мулти - Култи“.

Гостите од Кореја рекоа дека ова за нив е интернационален проект и целта им е во многу земји да го промовираат мирот како вредност.

  - Јас сум од Јужна Кореја и доаѓам од интернационална младинска организација која има 250 организации членки од целиот свет. Ние дојдовме овде за да го промовираме мирот бидејќи и Македонија е планирана како дел од овој голем проект - рече Клер Јаен Јанг од Кореја.

Корејците претходно ги посетиле Хрватска, БИХ и Албанија со истата цел, промовирање на мирот.