Костените двојно поскапи од лани
Зависно од квалитетот костените се продаваат за 130 или 160 денари по килограм што е двојно поскапо од лани. Трговците велат дека овие високи цени се должат на сушната година и малиот род.
- Ова се домашни костени набавени од Македонски Брод и Битола. Засега слабо оди продажбата, скапо е за граѓаните. Нема народот пари и засега купуваат само по половина килограм. За Божиќ цената ќе порасне, ќе се движи и до 200 денари по моја проценка. Ако ги купат уште сега па да ги чуваат до тогаш, костените ќе калираат. Тие проникнуваат на топло. Голема заблуда е дека ако се стават во песок ќе останат свежи. Од луѓето од кои јас купувам на големо, објаснуваат дека по бербата ги чуваат со кора се до продажбата за да бидат свежи - рече Љубиша Младеновски, трговец.
Тој вели дека на ваква скапотија на купувачите им е важна цената, а не квалитетот.