Мени

Козметички препарати запленети на Табановце

08.07.2013 13:41 | KumanovoNews

 Над 130 разни козметички препарати викендов се запленети на граничниот премин Табановце.

Козметички препарати запленети на Табановце

Гелови за туширање, тоалетни води и креми се откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на камион со бугарски регистарски таблички, управуван од грчки државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавената стока била пронајдена во повеќе кутии, сместени во просторот за палети и на креветот, во кабината на возилото.