“Крсте Мисирков“ цела недела спроведува еко активности
По повод Денот на пролетта, на тема “Македонија земја на цвеќето - земја на розите“, во основното училиште “Крсте Мисирков“ цела седмица се организираат еко активности.
Учениците на неколку работилници изработувале различни фигури од рециклиран материјал, по што биле избрани најдобрите кои ќе учествуваат на конкурс.
Најдобрите творби се носат на конкурсот за основни училишта на тема “Македонија земја на цвеќето - земја на розите“ распишан од Министерството за животна средина и просторно планирање, Регионалниот центар за животна средина Македонија и ПАКОМАК друштво за унапредување со пакување и отпад од пакување - велат од училиштето.
Изработките од рециклиран материјал се на штандови пред училиштето, се продаваат, а со собраните пари се купуваат рози за засадување.
Во “Крсте Мисирков“ се организира и собирна акција за стара хартија и картон.