Крводарителска акција во гимназијата „Гоце Делчев„
13.02.2013 09:53
| KumanovoNews
Во просториите на Гимназија “Гоце Делчев“ утре од 12 до 17 часот ќе се оддржи крводарителска акција.
Учениците од четврта година кои се полнолетни ќе можат да се вклучат во акцијата за дарување на крв. Црвен Крст Куманово години наназад соработува со ова средно училиште и со другите образовни установи во градот. Собраните единици крв ќе бидат однесени на Клиниката за трансфузиологија во Скопје.