Куќички за птици и бездомни животни
13.01.2014 09:40
| KumanovoNews
Активисти на здружението за заштита на животните “Анимо“ викендов поставија 6 куќички за животни низ градот.
Дрвените куќички се наоѓаат спроти Центарот за култура, кај хотел “Кристал“, спроти “Сума“ и позади супер маркет “Тинекс“.
Куќичките сами ги изработивме и тие се наменети за птици, бездомни мачки и кучиња. Ќе им служат како прибежиште за да се заштитат од студ. Апелираме до граѓаните да не ги оштетуваат и ако се функционира добро во иднина ќе поставиме уште куќички - велат од „Анимо“.
Идејата за поставување на куќички за животни е од поодамна, но сега членовите на оваа организација успеаа да ја реализираат со цел да им помогнат на бездомните животни во градот.