Мени

Кучиња искасале човек во Дренак

14.02.2013 09:24 | KumanovoNews

 Три кучиња нападнале човек и го искасале човек во кумановското село Дренак.

Кучиња искасале човек во Дренак

Нападот се случил на Божиќ, додека С.С.(59) од Куманово се движел по патот ни селото и одеднаш на него скокнале три кучиња. При тоа го искасале и му нанеле повреди на нозете. Стопанот на кучињата Д.Н.(48) од Дренак претходно ги одврзал кучињата и затоа ќе одговара кривично “за предизвикување општа опасност“.