Мени

КУД “Карпош“ ќе го игра првото “Невенско оро“

11.09.2013 08:31 | KumanovoNews

 Културно - уметничкото друштво “Карпош“ на 21 месецов ќе настапи на првиот фестивал за деца “Невенско оро“ во Србија.

КУД “Карпош“ ќе го игра првото “Невенско оро“

Фестивалот е од ревијален карактер и ќе се оддржи во Домот на културата во Ниш. КУД“Карпош“ ќе се претстави со два сплета кои ќе ги изведе детската група.

На фестивалот ќе настапат 8 ансамбли од кои 7 се од Србија, а  КУД„Карпош„ е гостин од Македонија.