Мени

КУД “Карпош“ настапува во Радовиш

06.06.2014 11:09 | KumanovoNews

Културно - уметничкото друштво “Карпош“, денеска ќе настапи на интернационален фестивал во Радовиш. Фестивалот го организира КУД “Бучим“ а ќе трае три дена.

КУД “Карпош“ настапува во Радовиш

Фестивалот е со ревијален карактер.  За три дена ќе се претстават над 30 ансамбли од различни земји. Ова ни е прво учество во Радовиш. Лани бевме поканети, но заминавме за БИХ на фестивал,- велат од КУД “Карпош“.

Возрасната група играорци од друштвото ќе се претстави со сплет “Сред село“. Во Радовиш ќе настапат играорни групи од Србија, Унгарија, Кипар, Романија, Турција и други.