КУД „Карпош“ освои шест награди во Бољевац
23.07.2013 08:24
| KumanovoNews
Kултурно - уметничкото друштво “Карпош“ освои шест награди на фестивалот “Маркови дани“ во Бољевац.
Играорците добија награда за најдобра кореографија, Марио Стојковски е прогласен за најдобар играорец и доби награда за најспецифична машка носија, а Наталија Мирковска е избрана за втора најубава девојка во селска носија. Во спортски активности КУД“Карпош“ зема уште две награди.
Овие награди многу ни значат. Со нив докажуваме дека успешно се афирмираме иако сме новоформирано културно - уметничко друштво - велат од КУД„Карпош“.
На фестивалот во Бољевац во соседна Србија учествуваа 18 ансамбли.