Мени

КУД “Карпош“ за Ѓурѓовден во Старо Нагоричане

24.04.2013 08:12 | KumanovoNews

 Културно - уметничкото друштво “Карпош“ на 5 мај ќе настапува на Ѓурѓовденски денови, кои ги организира месната заедница од Старо Нагоричане.

КУД “Карпош“ за Ѓурѓовден во Старо Нагоричане

Ова село го слави Ѓурѓовден кој оваа година се совпаѓа со празнување на Велигден и на 700 години постоење на црквата Свети Ѓорѓија. Атракција ќе биде бикот на ражен. Ние ќе имаме целовечерен концерт - вели Слаѓана Стефановска, костимограф и секретар во КУД“Карпош“.

Таа се надева дека оваа традиција ќе продолжи, ќе придонесе за поголема дружба и заживување на селата.