КУД “Панче Пешев“ ќе настапи во Струмица
11.12.2013 12:10
| KumanovoNews
КУД “Панче Пешев“ заедно со КУД “Тримери“ утре во Струмица во Домот на АРМ ќе оддржат заеднички концерт.
Ансамблот ќе се претстави со програма во која акцент ќе биде ставен на кумановските ора. “Панче Пешев“ ќе настапи со народниот и оркестарот на изворни инструменти. Ова е првпат нашето културно - уметничко друштво со ваков концерт да се претстави пред струмичани.