Мени

КУД “Панче Пешев“ запишува нови членови

06.09.2013 11:51 | KumanovoNews

 Културно - уметничкото друштво “Панче Пешев“ врши упис на  нови членови до крајот на месецот.

КУД “Панче Пешев“ запишува нови членови

Нови членови ќе бидат примени во фолклорно - играорна секција, народен оркестар (хармоника, кларинет, виолина, флејта, гитара), изворен народен оркестар (гајда, кавал, тамбура, гусла, зурла, тапан) и пеачи. Аудицијата ќе се оддржи на 28 септeмври за деца на возраст од 1 до 4 одделение и од 5 до 8 одделение.

Заинтересираните можат да се пријават во гимназиски двор во просториите на друштвото секој работен ден од 9 до 12 часот и од 19 до 21 часот.