Кукуњавски донира цртежи за Никола Вулетиќ
19.03.2014 08:51
| KumanovoNews
Сликарот Борис Кукуњавски донира три цртежи за помош на малиот Никола Вулетиќ. Цртежите се дел од неговата ретроспективна изложба која се оддржа во декември лани.
Цртежите од денеска ќе бидат во кебапчилница “Корнер“ и оние кои сакаат да помогнат за лекувањето на Вулетиќ, можат да ги купат по цена која сами ќе ја одредат.
Кукуњавски им се заблагодари на сите училишта, организации, фирми, граѓани кои ја покажаа солидарноста и хуманоста донирајќи и организирајќи хуманитарни настани за Никола Вулетиќ.