Кумановци аплицираа за работа на автопатот Демир Капија - Смоквица
Во Центар за вработување Куманово денеска невработените кумановци кои активно бараат работа се пријавија за работа на изградба на автопатот Демир Капија - Смоквица.
Тие потполнија прашалници за искуството и квалификациите кои ги имаат, а втората селекција ќе се изврши на 4 септември. На работниците им беше објаснето дека почетната плата ќе им биде 18.500 денари, плус платени прекувремени работни часови и работа за викенд, а ќе имаат обезбедено и храна.
Јас 35 години работев како армирач, плус 5 години мостови правевме на Црна Река, паланечко и не знам уште каде. Аплицирам, и ако ме земат да работам добро би било. Имам 57 години, способен сум да работам, сопругата ми е невработена - вели Томе Антевски, невработен.
За изградбата на автопатот ќе бидат ангажирани 250 луѓе од различни профили.