Кумановци ќе работат на изградба на автопат Св.Николе - Скопје
Дел од кумановските работници ќе бидат ангажирани од кинеската компанија “Синохидро“ за изградба на автопатот Свети Николе - Скопје.
Ќе бидат ангажирани кадри за градежна оператива, се врши селекција на машинисти за ваљак, грејдер, булдожер. Во Центар за вработување Куманово се селектирани луѓе и се однесени на пробно тестирање на машини во Свети Николе. Во наредниот период ќе има потреба од возачи на камиони - дампери, градежни инженери отсек патишта и железници, градежни техничари лаборанти за тестирање на градежни материјали и друго - вели Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.
Во наредниот период ќе им побарувачка на работници поради изградба на автопатите Штип - Скопје, Кичево - Охрид и Демир Капија - Смоквица.