Кумановци ќе се сончаат на грчките плажи
Голем дел од кумановци и годинава ќе се сончаат на грчките плажи.
Грција е најатрактивна и најбарана дестинација за одмор поради поволните цени и близината, велат од туристичка агенција “Јоцо Турс“. Најголем интерес има за островите Крф, Халкидики и Закинтос.
Интерес за Грција има во текот на целата година. Имаме пакет аранжман од 39 евра со вклучени 7 ноќевања и превоз. Најголем број резервации се за седумдневни аранжамни. Првите тури заминуваат на 17 и 24 мај. Клиентите ги привлекуваат ниските цени. Во шипоцот на сезоната ќе се види дали има поголем или помал интерес за летување од лани - велат од агенцијата.
Втора топ дестинација за лето 2014 е Турција. За граѓаните особено привлечни се Анталија, Бордум, Кушадаси и Кемер.
Имаме поволна понуда на 14 јуни за Шпанија. Таа чини 299 евра со 7 полни пансиони, плус две ноќевања со појадок во Италија. Во Шпанија атрактивни се Лорет де Мар и Палма де Мајорка, а до таму може да се патува авионски или со автобуски превоз - додаваат од “Јоцо - Турс“.
За лето 2014 година тие нудат богата понуда за одмори во Грција, Турција, Бугарија, Црна Гора, Албанија, Хрватска и Шпанија.