Мени

Кумановци “диригенти“ во Виена

10.01.2013 12:02 | KumanovoNews

 Кумановци од село Черкезе учествувале во акцијата “диригент“ за транспорт на дрога и продажба во Виена.

Кумановци “диригенти“ во Виена

Во оваа акција се вмешани момчиња од повеќе градови од Македонија, кои биле распределени во повеќе групи. Тие под влошките од чевлите ја пренесувале дрогата во Австрија.  Жителите на Черкезе биле во првата криминална група која ја организирал човек од село Мојанци. Тие во три наврати пренеле дрога од Македонија во Австрија.  Патувале во Австрија со редовните линии Скопје - Виена, а се работи за луѓе со примерно поведение и полицијата смета дека намерно се бирани вакви луѓе, кои не се сомнителни. Тие ќе одговараат кривично за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, прихотропни супстанци и прекурсори“. Македонските државјани продавале дрога во 19 квартови во Виена. При апсењата во Скопје, Велес и Куманово кај нив се најдени документи за трансфер на пари, гасен пиштол и бела прашкаста материја.