Кумановци масовно учат германски јазик
Се поголем број на кумановци го изучуваат германскиот јазик во школите за странски јазици во градот.
Професорите кажуваат дека оваа година заинтересирани за курс се граѓани од сите возрасти и професии, вклучувајќи и цели семејства.
Откако беше објавено дека во Германија ќе се примаат работници од Македонија за различни професии, интересот за изучување на нивниот јазик се зголеми. Најмногу има заинтересирани од медицинските струки. Втора причина поради која многу се учи германскиот јазик е тоа што сега при вадење на виза за во Германија задолжително бараат полагање на Б-2 ниво на познавање на јазикот. Или доколку се склучува брак партнерот од друга земја мора да го знае јазикот. - вели Бобан Ѓорѓиевски, професор во училиште за странски јазици.
За разлика од оваа година, претходните број еден беше изучувањето англиски јазик поради наоѓање работа во Авганистан.