Кумановци навалија за пасоши пред одмор
06.06.2013 13:13
| KumanovoNews
Во одделот за управни работи при СВР Куманово е зголемен обемот на работа периодов, бидејќи граѓаните вадат пасоши за одмор.
Тоа е нормално додека траат одмори да имаме и ние зголемена фреквенција. Сега во јуни е меѓусезона. За патни исправи примаме по 90 барања дневно, а вообичаено добиваме по 60 барања - вели Драган Анѓеловиќ, раководител на оддел за управни работи.
Тој објаснува дека и голем број иселеници додека се на одмор во Македонија престојот го користат за да извадат нови пасоши или лични карти.