Мени

Кумановци пијат непроверена бунарска вода

20.05.2013 13:20 | KumanovoNews

 Кумановци кои пијат бунарска вода, многу ретко се решаваат да го проверат хемискиот и бактериолошкиот состав на водата.

Кумановци пијат непроверена бунарска вода

Од Центарот за јавно здравје велат дека месечно едвај двајца - тројца граѓани донесуваат вода од бунар за анализа.

Би требало да прават анализа на водата на четири месеци. СЗО има утврдено колкаво треба да е количеството на одредени хемиски елементи, како нитрити, нитрати, хлор и друго. Доколку има некоја бактерија во водата, може да се јави акутно заболување, пролив. Ако водата е загадена може да се забележат промени во бојата, мирисот, вкусот - вели Мимоза Величковски, од Центарот за јавно здравје Куманово.

Таа објаснува дека обилните врнежи можат да предизвикаат загадување на водата.

Обично граѓаните од приградските населби ја испитуваат водата, а останатите не го контролираат квалитетот на водата затоа што анализите се скапи.