Мени

Кумановци поминаа обука во Фондација Никола Кљусев

17.06.2013 08:00 | KumanovoNews

 Марија Јовановска, Гоце Дамњановски и Мирољуб Голубовски членови на Црвен Крст Куманово поминаа обука на тема “Тимска работа и лидерски способности низ комуникацискиот процес“ во Меморијален центар Фондација Никола Кљусев во Скопје.

Кумановци поминаа обука во Фондација Никола Кљусев

Јас постојано аплицирам за обуки. Се потполнува апликација и потоа не повикуваат доколку сме примени.  Оваа обука траеше два дена, имаше теоретски и практичен дел и се оддржа во просториите на Меморијален центар фондација Никола Кљусев. По завршувањето добивме сертификати. Фондацијата организира повеќе обуки на различни теми - вели Марија Јовановска.

На настанот учествуваа млади од повеќе градови низ Македонија.