Мени

Кумановци предсезонски ќе летуваат во Грција

18.05.2013 09:19 | KumanovoNews

 Првите групи туристи од Куманово за неколку дена ќе заминат на летување во Грција во пред сезона.

Кумановци предсезонски ќе летуваат во Грција

Во туристичките агенции во градот велат дека и годинава Грција е најбарана дестинација, бидејќи е најефтина за семеен одмор.

 Се е резервирано за Грција. Аранжманите се уплаќаат уште во април и има попусти од 10 до 15 отсто. Луѓето обично знаат каде ќе одат на одмор и уплатуваат порано. Прашуваат и за Турција, но интересот е многу помал - велат од “Мартео“.

Од “Јоцо - Турс“ објаснуваат дека годинава најатрактивни грчки дестинации се Халкидики и Полихроно.

Грција им е најефтина варијанта и затоа ја бираат за одмор. Пред сезоната трае од мај па се до крајот на јуни. Граѓаните се задоволни од условите кои се нудат. Цените во пред сезона се двојно поефтини. Секоја година истите луѓе практикуваат да одат на одмор во Грција во предсезона. Исто и во септември има ефтини аранжмани  - додаваат од “Јоцо - Турс“.

Од “Травел гејт“ објаснуваат дека голем број пензионери кон крајот на мај и почетокот на јуни ќе ја посетат Грција.

 Младите одат на одмор во ек на сезона, а постарите обично овој период го користат кога е поефтино. Интерес има за Халкидики, Крф, краците. Аранжаните се за 7, 10, 11 и 14 дена - изјавија од “Травел гејт“.

Според нив, и за Турција има интерес бидејќи во екот на сеозната се нуди одмор по поволни цени.