Мени

Кумановци се едуцираат за енергетска ефикасност

15.05.2013 11:20 | KumanovoNews

 Проктот за енергетска ефикасност на домовите што го спроведува УСАИД и Хабитат Македонија, сеуште трае.

Кумановци се едуцираат за енергетска ефикасност

Екипи од двете организации деновиве ги посетуваат станарите во зградите за да им објаснат кој е бенефитот од замена на столарија и фасада, и како да добијат кредит за реализација на проектот.

Тие активности се почнати од улицата „11 Октомври“ и во централното градско подрачје. Ако има заинтересирани станари можат да се пријават. Куќниот совет е правно лице и е застапник на станарите, се дава кредит без камата и се дава подолг рок од пет до десет години тие пари да се вратат. Тоа е за промена на столарија и промена на фасада. Тоа е корисна работа за самите станбени згради. Специфично е тоа што не им се наметнува, туку сами бираат кој ќе биде извршител, кој е најповолен за нив - објаснува Горан Митевски од секторот за евроинтеграции и меѓународна соработка во Општина Куманово.

За да се реализира проектот во една зграда, треба согласност на 70 отсто од станарите.

Општината бидејќи има соработка со УСАИД учествува со 20 отсто од вкупната сума.

Досега неколку згради во Куманово се одлучија за замена на фасада и столарија, а воедно и заштеда на енергија.

Највпечатлива е зградата на Градскиот плоштад чиј лик видно е изменет.