Кумановци се степале во кафеана
12.04.2013 08:40
| KumanovoNews
Кумановец во кафеана нападнал свој сограѓанин, а потоа го изнел надвор и го претепал.
Инцидентот се случил во март годинава во кафеаната “Иги“ на улица “Тане Георѓиевски“,кога М.М.(27) се скарал со М.Г. од Куманово, а потоа го нападнал удирајќи го со клоци и тупаници по телото. Потоа М.М. го извлекол надвор од објектот и му нанел повреда во пределот на главата.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.М. за сторено кривично дело „насилство“.