Мени

Кумановци се степале во казино

30.01.2013 14:01 | KumanovoNews

  Четворица Кумановци, на првиот ден во нова година се скарале и се степале во казиното “Сенатор“ во центарот на Куманово.

Кумановци се степале во казино

Додека престојувале во казиното дошло до расправија, по што Љ.А.(31) и ги нападнал Л.А.(41) и Ф.А.(39) удирајќи ги со тупаници во пределот на главата, по што натснала општа тепачка во која удирал кој кого ќе стигне. За да им се одмазди за ќотекот, по кратко време Љ.А. излегол надвор и го скршил ветробранското стакло на автомобилот марка “цитроен“ сопственост на Л.А. Кога Ф.А и Л. А тргнале накај дома насилникот ги пресретнал и со дрвена рачка од алат им нанел повреди. Потоа со К.А.(30) тргнале во полиција да го пријават случајот, а К.А алатот го скрил намерно во багажникот на автомобилот за да го спречи докажувањето на делото.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.А., Ф.А. и Л.А., сите од Куманово за сторено кривично дело „насилство“ и против К.А. за „спречување на докажување“.