Кумановци со меурчиња од сапуница до Гинисов рекорд?
13.05.2013 08:42
| KumanovoNews
Младите од Куманово, на 25 мај на Градскиот плоштад со меурчиња од сапуница и ќе се обидат да срушат Гинисов рекорд.
Учесниците во натпреварувањето ќе се обидат да направат што поголем број на меурчиња и со тоа да го срушат досегашниот светски рекорд.Тие ќе бидат дел од интернационалната манифестација “Небо од меурчиња“ во која за првпат се вклучува Македонија.
На Градскиот плоштад ќе има настапи на локални бендови, училна анимација на присутните, неформални игри, цртање на хартија и лице, доделување вредни награди и друго. Преку видео повик ќе се вклучат младите од полскиот град Познан, кои заедно со Центарот за меѓукултурен дијалог го организираат настанот.