Кумановци утре да ги остават колите дома
По повод 22-ри септември Светскиот ден без употреба на автомобили, СВР Куманово ќе преземе низа активности, а истовремено апелира до граѓаните денот да го поминат без своите автомобили.
Автомобилите се често неопходни во секојдневниот живот, но многу пати непотребно се користат од страна на сопствениците. Со тоа се создава метеж и застој во сообраќајот, се кршат сообраќајните правила и прописи, кои повлекуваат санкции, но се зголемува и онака преголемото количество на штетни издувни гасови кои како граѓани сите ги вдишуваме- вели Виолета Богдановска, началничка во Одделот за превенција.
Во активностите за одбележување утре, Одделот за превенција ќе се врши контрола на возачите, и ќе се разговора со граѓаните за неопходноста од што помалку користење на своите автомобили, за поголема безбедност во сообраќајот и заштита на животната средина, и здравјето на сите нас.