Мени

Кумановците од Бенгази на пат кон дома

25.02.2011 16:34 | KumanovoNews

 Градежни работници од Куманово кои заглавија во Бенгази, Либија наскоро ќе пристигнат дома.

Кумановците од Бенгази на пат кон дома

Според сопругата на еден од работниците, тие се на пат кон Македонија, бидејќи нејзиниот сопруг  денеска се јавил со смс порака и кажал дека се качени на брод, и  чекаат да тргнат.

 Од Министерството за надворешни работи, информираат дека 1100 турски граѓани меѓу кои и 350 државјани од другите земји, денеска влегле  на брод на пристаништето во Бенгази и откако ќе помине бурата ќе тргнат кон Турција во попладневните часови. Тие претпоствуваат дека на бродот се и нашите граѓани, според одредени потврди од Анкара, но не может официјално да ја потврдат информацијата се додека не ги добијат списоците на евакуираните со оваа тура.

До тогаш семејствата на работниците во страв и неизвесност го очекуваат нивното враќање. Тие останале и без пари, бидејќи газдите не им дале плата последниве месеци.