Мени

Кумановец и беровец незаконски жигосувале дрва

16.04.2013 14:25 | KumanovoNews

 Б.С.(60) од Берово и Ц.С.(58) од Куманово лани во јули незаконски ставиле жиг на дрва за огрев и ги пуштиле во промет.

Кумановец и беровец незаконски жигосувале дрва

Двајцата постапиле спротивно на донесените решенија од страна на Комисијата за одлучување по жалби при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Државниот инспектор за шумарство и ловство - Берово со кои нa „Колос Комерц Бранко“ му се забранува издавање  одобренија за сеча во приватна шума . Тие со шумски жиг со кој било задолжено друштвото извршиле жигосување на 264,4 метри кубни буково и дабово огревно дрво, изготвиле 30 испратници за превоз на дрвата кои ги пуштиле во промет, а на сопствениците им овозможиле да се стекнат со противправна имотна корист во износ од 765.386 денари.

Кумановецот и неговиот претпоставен кој бил управител во “Колос Комерц Бранко“ ќе одговараат за “злоупотреба на службена положба и овластување„ и “соизвршителство“.