Кумановец ја истепал поранешната девојка
20.05.2014 11:50
| KumanovoNews
Кумановец насилно влегол во станот на поранешната девојка и физички ја нападнал.
Г.В(26) од Куманово пред неколку дена се качил на терасата, ги скршил прозорците и влегол во станот на девојката со која претходно бил во љубовна врска. Насилникот ја нападнал девојката и и се заканил дека ќе ја убие ако не ја продолжат врската.
Против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “насилство“.