Мени

Кумановец на обука за спасител на вода

15.07.2013 15:20 | KumanovoNews

 Стојан Крстов, волонтер во Црвен Крст Куманово викендов учествуваше на курс за спасување на вода во Крива Паланка.

Кумановец на обука за спасител на вода

Во организација на општинска организација на Црвен крст Крива Паланка, се спроведе курс за спасители на вода. Курсот се оддржа на Градскиот базен во градот. Тренингот го држеа двајца инструктори од Црвен Крст на Македонија. Ова е  во рамки на активностите иницирани со објавениот оглас за спасители на вода за капилишта од затворен тип - базени - рече Сања Голубовска од Црвен Крст Куманово.

На 27 месецов во Крива Паланка ќе се оддржи прва медицинска помош за спасители на вода по што учесниците ќе добијат меѓународна лиценца.