Мени

Кумановка втора на републички натпревар по екологија

24.04.2013 08:36 | KumanovoNews

 Горана Стојановска, ученичка од седмо одделение во ОУ “Браќа Миладиновци“, викендов на републички натпревар во Пробиштип освои второ место.

Кумановка втора на републички натпревар по екологија

Мојата тема беше “компостирање“. Темата ја подготвив со мојата менторка Татјана Тасевска, професор по екологија. Изработив скрипта, а  имав презентација како се прави компост со слоеви. Јас сум презадоволна од второто место, бидејќи ова ми е прво учество на едно вакво високо натпреварување, а имаше ученици кои 2-3 години по ред учествуваат. Конкуренцијата беше силна, а жири комисијата беше многу правична, на сите ни посвети внимание, ни поставуваше прашање - вели Горана.

На натпреварот учествуваа 13 деца од цела Македонија.