Кумановка за малку ќе се удавела во Охридското езеро
13.08.2013 12:32
| KumanovoNews
Бремена кумановка вчера е спасена од давење во водите на Охридското езеро во Струга.
Жената е спасена благодарение на брзата интервенција на спасувачите и туристите.
Со Брза помош таа е префрлена во Гинеколошко - акушерското одделение во струшката болница и е под постојан лекарски надзор. Кумановката е надвор од животна опасност.
До несреќата дошло кога жената влегла во езерските води, но од непознати причини состојбата ѝ се влошила и паднала, по што почнала да потонува.