Куманово ќе помогне на настраданите во Србија и Босна
17.05.2014 12:55
| KumanovoNews
Голем број на активисти, главно преку социјалните мрежи, денеска повикаа на помош на настраданите од еколошката катастрофа во Србија и Босна и Херцеговина.
Денеска во 18 часот во големата сала во Комитет, ќе се одржи состанок на оваа тема, а за утре од 11 до 14 часот ќе се собираат донации во вид на храна, вода, алати, прибор за чистење и јадење и средства за хигиена.
Се повикуваат сите хумани граѓани да излезат и да ја подржат оваа акција.