Мени

Куманово ќе се поврзе со современа железница

07.11.2011 16:47 | KumanovoNews

 Кон крајот на наредната година ќе започне реконструкција на пругата од коридорот 8, значи реконструкција и изградба на пругата Куманово-Бељаковце, а во 2014 година изградба на пругата кон Бугарија.

Куманово ќе се поврзе со современа железница

Исто така оваа година ќе се реконструира пругата Куманово-Табановце, што е дел од коридорот 10. Веќе треба да избереме изведувач и да започнат работите на терен. Тоа драстично ќе ја подобри и состојбата на железничкиот сообраќај во општината Куманово, но и во целата држава- изјави министерот Миле Јанакиевски, при денешната посета на Куманово.