Мени

Куманово ќе светне во новогодишно руво

13.12.2012 11:24 | KumanovoNews

 До крајот на наредната недела градот ќе биде новогодишно украсен. Според најавите од ЈП „Куманово паркинг„, целосно ќе биде украсено централното градско подрачје, како и влезот и излезот на градот.

Куманово ќе светне во новогодишно руво

Украсувањето започна од Градскиот плоштад, каде што ќе бидат посветени најмногу светилки и 10 метарска елка со илјада лампиони.Потоа ќе се премине на околните улици:„Гоце Делчев„, „11 Октомври„,„Народна револуција„, како и на двата булевари. Главно ќе се искористат украсите од мината година, а ќе се заменат само оние што се оштетени. Бидејќи мината година беше опожарена елката, сега треба да се поправи па да се намести-вели Маја Антевска, помошник директор во ЈП „Куманово паркинг„.

За празнично украсување на градот ќе се потрошат 300.000 денари.