Мени

Куманово формираше граѓанска група за помош на Србија и Босна и Херцеговина

17.05.2014 16:49 | KumanovoNews

Денеска во салата на поранешен Комитет беше формирано граѓанско здружение „Куманово за помош на Србија и Босна и Херцеговина“ кое ќе организира акции за собирање на донации кои ќе бидат наменети за помош на поплавените земји.

Куманово формираше граѓанска група за помош на Србија и Босна и Херцеговина

На собирот беа присутни членови на Црвениот крст, Локалната самоуправа, други граѓански здруженија кои ја подржаа оваа акција, и земаа активно учество во прибирање на средства.

Дел од членовите на оваа здружение стапиле во контакт со институциите во Република Србија, и добиле инструкции околу средствата кои им се најпотребни на граѓаните на загрозените земји.

Ова е апсолутно граѓанска иницијатива. Ги повикуваме сите политички структури, спортски друштва, невладини организации во овој град да се приклучат на оваа акција која ќе работи во координација со Црвен Крст Куманово - изјави Зоран Краљевски член на оваа здружение.

На состанокот беше прецизирано дека колективна посета и работна сила не се потребни бидејки тоа претставува додатно оптоварување во организацијата. Истотака помош во вид на облека не е потребна.

Финансиски средства единствено ќе се собираат преку телефонскиот број 143-400.

Сите продукти што ќе ги собереме ќе треба да ги пријавиме во соработка со Црвениот крст на соодветната земја. Неможеме поединечно да носиме помош, затоа што тие работи што ќе се носат во загрозените земји треба да бидат предходно пријавени. Најмногу ќе биде потребна природна флаширана вода, средства за хигиена, конзервирана храна, кебиња и храна и средства за мали деца - изјави секретарот на Црвениот крст Иле Митковски.

Од локалната самоуправа изјавија дека стапиле во контакт со збратимените градови, и останатите загрозени градови каде што имаат остварено некој вид на соработка. Тие ја подржуваат акцијата и на располагање ќе ги стават општинските магацини, превоз и логистика на целата акција.

Акцијата започнува утре на три места низ градот. На градскиот плоштад во 11 часот ќе се собираат средства во соработка со Црвениот крст Куманово. Втората акција ќе биде во населба Карпош на место на поранешна кладилница Хоризонт, а третата акција ќе ја организира Здружение на граѓани Св.Троица во село Љубодраг.