Мени

„Куманово - гас“ најавува приклучоци на физички лица

04.07.2013 13:34 | KumanovoNews

Од ЈП „Куманово - гас“ најавуваат дека следната грејна сезона ќе ја почнат со над 20 субјекти и стотина физички лица приклучени на гасоводната мрежа.

„Куманово - гас“ најавува приклучоци на физички лица

ОУ „Кочо Рацин“ е во фаза на подготовка на гасна котлара по што ќе стане потрошувач на „Куманово - гас“.

Влеговме и во неколку станбени згради, кај индивидуалци и сега чекаме да добиеме проширување на лиценца. Од физички лица не очекувавме дека ќе има толку голем интерес бидејќи ова е нешто ново не само во Куманово, туку и пошироко. Луѓето знаат кои се предностите на овој енергенс, најефтин е, еколошки најчист, најбезбеден итн. Имаме нешто повеќе од сто барања за приклучување кон нашиот дистрибутивен систем. Физички лица доаѓаат, си потполнуваат барања, поднесуваат документи и очекуваат од почетокот на грејната сезона да се грејат на гас - изјави Момчило Мирчевски, директор на „Куманово - гас“.

Ова претпријатие ќе ги едуцира граѓаните од станбените згради за поволностите од греењето на гас.

„Куманово - гас“ во секој момент ќе има увид колку трошат корисниците, а неплаќачите ќе ги исклучуваат без да одат на терен.

Мирчевски вели дека од следната година „Куманово - гас“ ќе застане на свои нозе и ќе се финансира исклучиво од наплата на услугите односно од дистрибуција на гас.