Мени

Куманово го слави ослободувањето

11.11.2011 15:05 | KumanovoNews

Делегации од збратимени градови: Бјељина, Бања Лука, Чукарица, Горњи Милановац, Крагуевац, Врање, Панчево,Гњилане, Драч, Кампина и Чорлу денеска присуствуваа на приемот што го организираше градоначалникот Зоран Дамјановски по повод Денот на градот.

Куманово го слави ослободувањето

Меѓу гостите беа и амбасадорите на земјите од каде доаѓаат делегациите, а нивен домаќин беше и председателот на Советот. 

Прекрасно е чувството што овие неколку празнични денови сме домаќини на десетина делегации од нашите збратимени градови, пријатели на градот и членки кои задено со Куманово се во асоцијацијата градови на мир. Тука се градоначалниците на Кампина и Чорла, председателите на собранија на Чукарица, Бања Лука, Горњи Милановац, Бјелина. Тоа само покажува колку Куманово е ценето и почитувано надвор - рече Виктор Цветковски, председателот на Советот.

Гостите не го криеа задоволството од топлиот прием и гостопримството што им го укажале домаќините.

Ние го делиме задоволството со раководството и граѓаните на Куманово, сите успеси кои се постигнуваат овде ги сметаме за свои успеси. Ние имаме доста сличности, а најмногу во нашиот менталитет, тука речиси и не се разликуваме. Сметаме дека сме еден народ упатени едни на други. И ние многу работиме на инфраструктурата на градот. Сакаме да ја продлабочиме соработката да не биде само за празниците, туку и во областа на стопанството, културата и спорот. На сите граѓаните им го честитам празникот - рече председателот на Општината Горњи Милановац Милосав Мирковиќ.

Гостите и домаќините си разделија подароци, а потоа сите заедно заминаа на Спомен костурницата на паднатите борди од НОБ да положат венци и свежо цвеќе.