Куманово и Гнилане ќе се збратимат
Градоначалниците на општините Куманово и Гнилане денеска потпишаа меморандуми за соработка, како предходница на збратимување на двата градови, кој е планиран за оваа година. Гнилане е првиот град од Косово со кој Куманово ќе се збратими.
Процесот за интегрирање на европската зедница подразбира зближување на граѓаните на локално и регионално ниво.Ова е наша прва соработка со град од Косово и се надевам дека ќе биде почеток на една плодна и успешна соработака во сите сфери на општественото живеење. Ние ќе се претставиме на нашите гости со сите успеси кои ги имаме до сега, а пред се во имплементацијата на меѓуетничките односи - рече градоначалникот Зоран Дамјановски.
Градоначалникот на Гнилане се заблагодари на гостопримството во името на своите граѓани посака соработката да се официјализира што поскоро во интерес на двете општини.
Покрај на културен план, сакам соработката да ја интензивираме и на спортски и стопански план. Нашите граѓани го заслужуваат тоа, бидејќи заедничките интересе на нашите држави е патот на интеграција во Европската Унија. Ние немаме други алтернативи освен да се почитуваме како луѓе и граѓани - рече градоначалникот Кемал Мустафа.
Во делегацијта присуствуваше и подпретседателот на Собранието на Гнилане, Младен Стојановиќ. Општината Гнолане има околу 150 илјади жители, од кои 10 одсто се Срби и 3-4 одсто Роми и Турци. Гнилане е оддалечено од Куманово околу 50 километри, а со изградба на патот на Белановце се скратува на триесетина километри.