Мени

Кумановска „Буба„ на изложба во Скопје

25.04.2013 14:36 | KumanovoNews

 Стефан Геровски од Куманово, во недела ќе го изложи својот автомобил буба-фолсфаген на роденденскиот собир во Скопје, по повод три години од формирањето на Буба клуб Македонија.

Кумановска „Буба„ на изложба во Скопје

Тој е член на клубот од самиот почеток и е голем љубител на оваа марка автомобили.

 Отсекогаш сум сакал да имам автомобил различен од другите, оригинален, безвременски дизајн, квалитетен, со еден збор посебен. Сето тоа го најдов кај бубата. Веќе петта година сум сопственик на фолсфаген буба 1300 од 1972 година и сум презадоволен од овој автомобил. Бубата како олдтајмер одзема многу време, бара внимание, но кога се има желба ништо не е невозможно. Сум учествувал на десетина собири каде со колегите се дружиме, разменуваме искуства, делови и слично - вели Геровски.

Буба клубот Македонија има членови од сите градови на Македонија и во иднина повторно ќе организира манифестации каде на едно метсо ќе се соберат љубителите и сопствениците на фолсфаген буба.

Во недела членовите на Буба клуб Македонија ќе ги забавува рок бендот „Дуо лектира“ од Куманово.

Бубата е изработена по наредба на Адолф Хитлер од славниот Фердинанд Порше, а првиот прототип е направен во 1934 година. Од 1936 до 2003 година се произведени 21.5 милиони вакви автомобили.